Атомизерите од Италијанскиот производител “DAL DEGAN” се наменети за заштита на овошните и лозовите насади од болести и штетници. Се одликуваат со исклучителна ефикасност во процесот на прскање, овозможено од пумпите со 3 или 4 мембрани, работен притисок до 50 бари и проток на течност до 140 лит/мин.
Истите се достапни во две изведби, и тоа носени и влечени. Носените атомизери се достапни во 3 големини на реревоарите и тоа од 300, 400 и 600 литри и вентилаторски склопови со дијаметар од 700 и 800 мм. Влечените се достапни во 4 изведби, и тоа 800,1000,150 и 2000 литри , со вентилаторски склопови од 700 и 800 мм и проток на пумпата до 140 лит/мин.